Како на децата им го контролираат мозокот од раѓање?

2115

Речиси на сите од раѓање нѝ го испрале мозокот преку различни канали кои го поттикнуваат материјализмот, егото, послушноста, контролата и конформизмот.

Каде се всушност корените на контролата на умот и што можеме да направиме во врска со тоа?

1. Религија

Плакнење на мозоците на овие подрачја обично започнува во црквата, кога уште како мали деца, повеќето од нас биле крстени. Многу родители не го преиспитуваат крштевањето или неговото потекло и слепо го следат обичајот на крштевањето, додека црквата ги поздравува во заедницата во името на Исус Христос. Многу христијани слепо веруваат во сè што им се вели во името на “верата” и никогаш не се сомневаат во ништо.

Многу христијани ќе речат дека нивната црква прави добри работи за другите, а Библијата пропагира морал и духовни вредности.

Противаргумент е дека не мора да одите во црква за да правите добри дела и да бидете морална личност!

Освен тоа, Библијата учи на омраза и страв; на пример – кога Бог наводно ги убил сите живи суштества во “Големиот потоп”, освен Ноа и неговото семејство.

Тоа се ужасни приказни кои нашите деца ги учат за религијата, а нивните пораки често се сложени и двосмислени. Каква порака испраќаме до нашите деца, каков ефект генерираат пораките за вечниот пекол ако не сме добри христијани, само врз основа на еден живот?

Библијата дава убави алегории од кои може да се научи нешто, но тоа не е неопходно заради сите други негативни содржини кои ги спроведува.

А уште и сите непотребни смртни случаи за време на инквизицијата, крстоносните војни кои и денес сè уште постојат. Убиствата на невините луѓе е заедничка тема на сите религии и тие приказни се пренесуваат на децата веднаш штом ќе проодат. На тој начин, на децата им е всадена идејата дека е во ред да се убива во името на Бога и тие почнуваат да го имитираат тој модел преку игрите што ги играат.

2. Смешни примери

Момчињата играат со пластични пушки и пиштоли на вода, играаат “Каубојци и Индијци” … Размислете колку е тоа страшно, не само заради Индијанците, туку и заради фактот што детето учи да убива преку “игра”.

Им купуваат акциски фигури и тие се преправаат дека убиваат непријателски трупи. Некои пластични фигури на војници во борба јасно покажуваат етничка припадност, и така од нивните мали нозе им се всадува менталитетот “подели па владеј”.

Повеќето девојчиња играат во одреден момент од нивниот живот со куклите Барби. Куклата Барби така ја поставила отскочната штица за материјалистички ставови. Тоа ја диктира улогата и очекувањата за тоа како треба да изгледа жената, а тој стереотип останува во главите на нашите деца до крајот на нивниот живот.

Продолжува на страна 2