
3. Мислете надвор од рамките
Нашиот образовен систем не го стимулира креативното размислување и за повеќето од она што го учат нашите деца е задолжена левата страна на мозокот, која е одговорна за математичко и логичко размислување. Десната половина на мозокот ги гледа “целините” наместо деловите и така може да ги поврзува работите на начин на кој левата половина не може.
Десната страна на мозокот не е оптоварена со суштината, спонтана е, креативна, инспиративна и непредвидлив неконформист. Десната половина од мозокот е далеку посилно поврзана со реалната состојба на срцето од левата и затоа тоа е последното место каде манипулаторите сакаат да го видат човештвото. Десната половина може да ве однесе “онаму”, во други димензии на Свеста, и таму само може да ја видите и разберете вистинската природа на животот на Земјата.
Образовниот систем специјално е дизајниран така, децата да ги претвори во возрасни лица, кои ќе ја имаат само левата мозочна хемисфера, и таму е процесот на наградување и казнување на оние кои го прифаќаат и оние кои одбиваат да го прифатат таквото програмирање.
На тој начин, нашите деца се во голема мерка квалификувани да работат во ресторанот за брза храна или на шалтерите, бидејќи никогаш не ги научиле алатките за креативност, не научиле да го следат својот животен стил. Тие се принудени да влезат во корпоративниот свет на економската покорност и да останат таму до 65-та година.
Продолжува на страна 8


















