Нашите деца учат како да се занимаваат со спорт и колку е важно да се победи. Спортот е корисен затоа што го подобрува здравјето и физичките способност, но поради важноста на победата, исто така, доведува до менталитетот “подели па владеј”, кој децата го задржуваат до крајот на својот живот.
Колку пати сте виделе два возрасни мажи, кои даваат глупави аргументи, тврдејќи дека некој тим или играч е подобар од другите? Пред сè, тоа не е нивниот “тим”, ако тие немаат физичка сопственост над него. Второ, на играчите за кои дискутираат воопшто не им е гајле за нивната дискусија.
Таквите луѓе се премногу слепи за да видат како запнале во менталитетот “подели па владеј”,кој го презеле уште во рана возраст додека играле “Каубојци и Индијци”.
Сè се случува пред нашите очи, но повеќето од нас не можат тоа да го видат. На пример, ако “Вардар” игра против “Шкендија” – тогаш имате класичен “Каубојци против Индијанците”. Секогаш се работи за принципот “моето племе” е подобро од “твоето племе”, што нè раздвојува како човечки суштества.
https://youtu.be/73fCLx-mFLg
Продолжува на страна 4


















