5. Телевизија
Многу од нас израснале гледајќи телевизија која може да биде забавна и едукативна, може да отвори нов свет, но кога нашиот мозок ќе влезе во алфа-состојба, нѐ хипнотизира и нè држи во покорност. Колку пати сте седеле и гледале реклами, без оглед на тоа што ги мразите, а сепак не би го смениле каналот?
Алберт Бандура има теорија за моделирање и смета дека однесувањето може да се обликува на различни важни начини преку едноставно набљудување и имитирање (моделирање) на однесувањето на другите луѓе, на пример, детето ќе го имитира однесувањето на родителот. Тоа е причина зошто “јаболкото не паѓа далеку од дрвото”.
За време на отсуството на родителите детето ќе биде под влијание на она што гледа на телевизија, која ќе го храни нивниот материјалистички поглед на општеството, со прифаќање на телевизијата како нормален дел од нивниот секојдневен живот.
Целиот главен тек на медиумите (радио, телевизија, списанија, издавачи на книги итн.) се во сопственост на неколку корпорации кои во голема мерка влијаат на нашите деца преку програмирање. Дури и зборот “програмирање” треба да се провери, бидејќи тоа е баш она што перење на мозокот го прави … ги програмира нашите умови, а особено умовите на децата на кои е лесно да се влијае.
6. Образование
Продолжува на страна 5


















