Промоција на “Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид” од авторката Весна Константинова

1248

Вчера на 25 декември во просториите на НП Галичица во Охрид се одржа промоција на новата книга за деца “Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид” од авторката Весна Константинова.

Во разговор со авторката дознавме дека издавањето на оваа четврта по ред книга со веќе меѓу децата познатиот лик на Рисот Рисот, е поддржано од Општина Охрид, во рамки на јавниот повик за предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата за 2025 година.

Оваа книга како и сите претходно напишани Весна Константинова ја посветува прво на своите синови Михаил и Давид, а потоа и на сите деца, а за што ја мотивирало да се пријави на конкурсот, таа вели љубовта зашто од неа поголема сила нема.

Како дел од промоцијата на книгата во која се обработува тема од областа на екологијата, беа одржани и две еколошки работилници предводени од Збогум Буково, со поддршка од Охридски комуналец и Салар Интернешнал.

Свое излагање за рисот имаше и Надица Кремишовска како претставник од НП Галичица, а Енхелеус Лихнид “Пакетчиња за сите дечиња” пред крајот на овој интересен настан ги израдува децата со слатки подароци.

Авторката Весна Константинова во интересна интеракција со децата од ОУ Григор Прличев, на уникатен нсчин, пропратен и со хумор ја промовираше книгата, по што секое дете си доби и книга на подарок.

Модератор на настанот беше ученичката Миа Момироска, а по завршувањето на настанот, во хотел Су, следуваше и мала коктел забава.

Настанот со своето присуство го збогатија и претставниците од Македонското еколошко друштво и од Општина Охрид.