Еве како диетата влијае врз сонот

60

Сонот зависи од она што го јадеме, покажува новото истражување на научници од Пенсилванија.

Според истражувачите има врска меѓу она што консумираме во текот на денот и сонот. Во просек спиеме по 7-8 часа, што ни овозможува добро здравје и енергија. Се чини дека дневните калории и количеството храна може да го променат времетраењето на нашите соништа.

За многу краток сон се прифатат 5 часа или помалку, за недоволен 5-6 часа, нормален варира помеѓу 7 и 8 часа, а долгиот сон надминува 9 часа под прекривката. Колку повеќе калории акумулираме во текот на денот, толку помалку спиеме, утврдиле експертите.

Според нив, луѓето кои спијат помалку пијат доволно вода, примаат повеќе јаглехидрати и црвена или портокалова храна. Поспаните се хранат претежно со месо, јајца и млеко и јадат многу чоколада. Пијат помалку вода, а повеќе алкохолот.