Може да се насладуваме на мирисите на парфемите кои често стануваат дел од нашиот идентитет, но треба да се погледнат и пошироко својствата кои носат радост за сетилата.
Мирисните состојки обично се дел од козметичките мириси дезодоранси, парфеми, многу освежувачи на воздухот, омекнувачи за материјали, детергенти и свеќи.
Бидејќи тие многу често доаѓаат во контакт со кожата треба да ги знаеме и несаканите последици кои ги кријат.
Каков е ефектот кој може да го имаат кај различните видови кожа?
Нивната употреба крие ризик од пигментација и алергии, кога кожата е чувствителна или сува. Мирисите се повод за загриженост и кај луѓе кои се склони кон тешка пигментација. Редовното користење на парфеми исто така може да доведе до промени во бојата на кожата.
Во кои случаи треба да се избегнува употребата на мириси?
Луѓето кои веќе имаат пигментација на кожата, алергични се или страдаат од атопичен дерматитис, не смеат да користат парфеми.
Кои состојки предизвикуваат кожни алергии?
Мирисните материи и алкохолот, кој се содржат во оваа козметика, се доволно штетни и предизвикуваат кожни алергии.
Како да се користи парфемот, за да се спречат несаканите ефекти?
Препорачливо е тој да се нанесува врз облеката, не директно на кожата.



















