Намалете ги стресот и несоницата на природен начин

1129

Една од работите во сегашноста кои влијаат на сите нас, дефинитивно е стресот.

Покрај останатата штета што ни ја нанесува, тој го нарушува и сонот. Многу луѓе прибегнуваат кон храната, како начин да се справат со тензиите.

И во принцип нема ништо лошо во тоа, колку таа да е здрава и во разумни количини.

Добрите вести се дека исто со помош на храната може да се подобри и сонот. Што треба да јадете навечер, за да спиеме подобро?

Боровинки

Овие бобинки се одлични за намалување на стресот и содржат валпроева киселина, која го подобрува расположението. Покрај тоа, боровинките не оставаат чувство на тежина пред спиење.

Јогурт

Јогуртот управува со стресот, но исто така гп подобрува и здравјето на кожата и коските. Чудата во случајот е дека можеме да си направиме вкусен и здрав десерт во кој ќе додадеме овошје, мед и ореви, на пример.

Каша

Овесот исто е погодна храна пред спиење. Тој го ублажува стресот, но сепак би можеле да додадеме кон него и неколку боровинки. Важно е само да бидеме внимателни со шеќерот, бидејќи тоа го зголемува нивото на енергија, по што остава чувство на замор, а овој ефект не е препорачлив пред спиење.

Лосос

Според истражувачите лососот е една од најдобрите суперхрани, бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои, освен што се корисни за здравјето на срцето, го намалуваат и нивото на хормоните на стресот во организмот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.