Според британскиот сексолог Трејси Кокс совршениот број на сексуалните рандевуa за среќни односи се разликуваат за различни парови.
Не е вообичаено да имате секс секој ден, ако сте во долгаврска, но ако се сеќаватс за интимност со партнерот помалку од 3 пати неделно, исто така не е добро.
Според едно истражување паровите кои имаат секс под шест пати во месецот, страдаат почесто од лоши расположенија.
Секс експертите советуваат да се стремите да зачувате некој ритам и во креветот, ако сакате односите да се задоволителни. А, еве што вели Трејси Кокс по темата:
Парови кои имаат секс секој ден
Ако сте под 25 години или сте во првите месеци од врската, нормално е да имате секс секој ден. Ако сепак сте долгогодишната пар или сте на возраст по 35, секојдневниот секс е малку веројатен за вас. Повеќето парови уживаат на висока фреквенција на сексот, кога се во почетокот на врската, а потоа работите одат кон пореални нивоа.
Парови кои имаат секс три до четири пати неделно
Истражување од 2004 година откри дека тоа се најсреќните парови. Три до четири пати неделно е идеално вклучувајќи сексуални контакти со партнерот, според авторите на студијата. За жал тоа е карактеристично за парови кои немаат деца и кои се во врвот на здравствената состојба.
Парови кои имаат секс еднаш неделно
Ова е вистинската реалност – повеќето парови спаѓаат во оваа категорија, која се смета за просечна. Според едно ново британско истражување повеќето парови имаат секс околу пет пати месечно.Според многу истражувања, секс рандеву еднаш неделно е сосема доволно, ако навистина сте опуштени, одморени, одделувате време и уживате вистински.
Паровите кои немаат секс воопшто
Еден од секои четири парови над 50 години нема секс воопшто. Повеќето парови на оваа возраст не се жалат од овој факт и се задоволни од своите асексуални односи. Ако сепак партнерите се помлади, недостатокот на секс може да создаде незадоволство и проблеми во односите.
Паровите кои имаат секс по свои правила
Има една мала група парови кои не личат на сите други. Тие имаат секс при индивидуални околности – во некои месеци многу често, во други – воопшто не. Тие имаат периоди на пикови на либидото и други, во кои воопшто не мислат на интимност, поради третмани, високи нивоа на стрес, обврски, патувања, гледање на мали деца или возрасни родители, болести или моментални болки, замор и др. Единственото прашање тука е дали двете страни се задоволни од големината и количината на сексуалните контакти.