Пет извори на радијација за кои воопшто не сме ни свесни

164

Голем број хемиски елементи имаат природни дози на радијација кои не се штетни за луѓето.

Всушност, доколку се мерат дози, тогаш ќе се забележи дека и без извор на радијација, бројачот покажува одредени вредности.

Тоа се должи на т.н. природна, односно космичка радијација, која исто така не е штетна за населението. Во текот на една година, човекот е изложен на околу 620 милирема радијација, која доаѓа од природни извори или од електрични апарати.

А ова се уште пет извори на радиоактивно зрачење, за кои не сме ни свесни:

Воздухот и земјата

Радонот е гас кој го има во почвите и е последица на радиоактивното распаѓање на радиумот. Во одредени географски подрачја на Земјата го има во поголеми количини, а според повеќе истражувања, токму таму се забележани поголем процент на заболувања од рак.

Храната

Калиумот иако е важен минерал за нас, тој е и природно радиоактивен. Него најмногу го има во бананите, за кои е одамна познато дека содржат најголем број радиоактивни изотопи, но во количина која воопшто не е штетна за здравјето на луѓето.

Сонцето

Атмосферскиот слој ја штити Земјата од штетните космички зрачења, меѓу кои и сончевото зрачење. Едноставно е, на колку поголема надморска височина сме, толку сме поизложени на овој проток на УВ-зрачења.

Летањето со авион

Авионот лета високо, поблиску до атмосферските слоеви. Во текот на еден лет, патник може да прими 2-5 милирема зрачење, што во секој случај е и доста помалку од рентгенското снимање, кое има зрачење од 10 милирема.

Мобилни телефони

Сан Франциско неодамна покрена иницијатива секој производител на мобилни телефони на декларација да ја истакне количината зрачење што ја емитира еден уред. Иако официјална потврда за ова нема од производителите, стручњаците сметаат дека луѓето треба што помалку време да поминуваат со телефонот доближен до главата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.