„Schadenfreude“, што на германски буквално значи „задоволство од наштетување“, е чудно заволство на луѓето од неуспех на некој друг.
Во анимираниот филм на Pixar, „Inside Out“, ситуациите се случуваат во главата на протагонистката Рајли, каде 5 емоции: Среќа, Тага, Страв, Лутина и Гадење го диктираат нејзиното однесување.
Иако филмот доби огромен број на позитивни критики, режисерот на истиот, при едно интервју, изјави дека многу му е криво што едно чувство не се појавило на големото платно, а тоа е „Schadenfreude“.
Ова чувство може да го добиете кога многу позната личност ја заврува кариерат неславно, кога опасен криминалец оди во затвор или кога ривалскиот спортски тим губи на натпреварот.
Психолозите веќе долго време се измачуваат како најдобро да ја опишат, разберат или простудираат оваа емоција. Таа се појавува во толку различни ситуации што скоро и невозможно е да и се даде дефинициска рамка… но сепак ќе се потрудиме.
Многуте лица на „Schadenfreude“
Некои мислат дека најдобар начин за да се простудира оваа емоција е во контекст на социјална компарација, за да можат да го стават фокусот на тоа како зависта и бесот влијаат на schadenfreude. Други пак ја гледаат оваа емоција низ очите на правдата и фер играта и дали оној кој страда ја заслужил својата лоша судбина. Третата и последна глупа мисли дека schadenfreude произлегува од динамика на внатрешноста на една група. Членовите на таа група развиваат задоволство при страдање на оние кои не се дел од групата.
Рзлични дефиниции на schadenfreude укажуваат на тоа дека ова чувство се појавува во различни ситуации и има различни лица, а секое од нив има свое потекло.
„Цутот“ на schadenfreude
Можеби сценаристите на „Inside Out“ мислеле дека ова чувство нема да биде разбирливо за деца, па затоа ги изоставиле, но постојат докази дека schadenfreude се појавува во рана детска возраст.
На пример, 4 годишно дете му доаѓа посмешно ако некој, кој претходно им ги кршел играчките на другите деца, падне во кал, отколку ако тоа му се случи на некој ко претходно не направил никаква штета. Исто вакво однесување било приметено и кај две годишно дете, па дури и кај 9 месечно бебе.
Се заедно
Заедно овие студии покажуваат дека schadenfreude е комплексна емоција која е длабоко врежана во човечката состојба. Психолозите се прашуваат дали постои начин како да се дефинираат сите лица на schadenfreude како целина. По некое време, сите се сложиле дека ова чувство го гледаат како форма на дехуманизација, вреднување и гледање на една личност како помалку од човек.
Поставена е хипотеза дека колку повеќе еден човек чувствува емпатија према друг човек, толку се помали шансите да доживее schadenfreude према него. Значи, за некој да доживее schadenfreude према друга личност, без разлика дали е ривал, некој надвор од групата или некој кој извршил криминал, потребно е да го дехуманизира. Само во таа ситуација се појавува задоволство од несреќата на другиот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.