Маж открива зошто сопругата го мами 10 години | Неговата исповед е уникатна

2067

Еден измамен маж ја разголи својата душа и напиша писмо како совет за другите.

John Jerryson (46) се приклучил на социјалната мрежа Reddit откако открил дека сопругата го мами 10 години.

Тоа откритие го навело да се наврати наназад до својата 20-та година, откао сфатил дека неговиот син не чувствува ништо за него, а погребот на неговиот татко го пропуштил без причина …

Наместо тоа, тој поминал 26 години работејќи 6 дена во неделата, 10 часа на ден, работа која наскоро ќе стане дел од неговиот живот.

Тој напишал: “Го поминав животот спротивно од она што сакав. Сите мои сништа, сите мои страсти ги снема. Како да беше вчера кога бев сигурен дека ќе го променам Светот. Луѓето ме сакаа, јас ги сакав луѓето. Бев иновативен, креативен, спонтан и добар со нив.“

Во своето писмо John открива дека не успеал да го доврши својот роман, не им помагал на бездомниците и никогаш не патувал по Светот.

Еден маж од Австралија напишал како неговиот тако починал додека тој го бркал унапредувањето во работата. Неговит татко бил болен, а тој ја одложувал посетата. Денеска се полнат 15 години откако не го видел.

John признава дека не бил некој маж, а веста дека неговата сопруга има љубовник не го повредила нешто многу.

“Таа вели дека тоа е затоа што сум се променил, дека не сум истата личност. Што ли правев во последните 10 години? Јас дури и не побарав развод, ниту викав, ниту плачев. Чувствував – НИШТО. Сега додека го пишувам ова чувствувам дека ми навираат солзи.“

“Но, не затоа што мојата жена ме мамела, туку затоа што сум мртов одвнатре. Жал ми е што работата го има преземано мојот живот. Жал ми е што бев страно лош сопруг, машина за правење пари. Жалам што не го завршив романот, што не патував.“

“Жал ми што на син ми не у бев емоционална поддршка, што бев безчувствителен “паричник“.“

Писмото завршува со предупредување на другите кои се можеби во иста ситуација како и тој, или тргнале по неговите стапки.

“Ако го читате ова и го имате целиот живот пред вас, ве молам не одложувајте. Не ги оставајте своите соништа за подоцна. Уживајте во својата енергија, во страстите. НАПРАВЕТЕ НЕШТО СО СВОЈОТ ЖИВОТ. Не се скарсувајте со 20 години. Не заборавајте ги своите пријатели, своето семејство, не заборавајте на себе.

Не го трошете својот живот, своите амбиции како јас што направив. Не бидете како мене.“