Долготрајните предупредувања на лекарите дека драстичното губење на тежината доведува до јо-јо ефект (враќање на претходната тежина) се сметаат за непотребни. Досега се сметаше дека јо-јо ефектот е штетен за срцето и го забавува метаболизмот.
Тим експерти од University College во Лондон сметаат дека, сепак, нема докази дека строгите диети или јо-јо ефектот по нив се штетни за срцето. Д-р Мајкл Мозли вели: “драстичните диети се штетни само кога човек не прима протеини, бидејќи тогаш телото почнува да ги” јаде “мускулите, а срцето е мускул.”
Другата теорија дека јо-јо ефектот го забавува метаболизмот со текот на времето, исто така, според д-р Мозли е погрешна. Идејата е дека секој пат кога ќе изгубите тежина, вие губите мускулна маса, а кога си ја враќате тежината, вие ги зголемувате мастите, а не мускулите, а мастите се горат побавно.
Но Мајкл Мозли тврди дека тоа е мит. “Нема ништо лошо во тоа да ја намалите тежината брзо, додека земате доволно протеини и спортувате редовно, за да ги одржите мускулите.”
Според него враќањето на тежината не е прашање на недостаток на волја, туку е “програмирано” од телото. Едноставно организмот се бори да ја поврати тежината, што се смета за нормално – тоа е негова заштитна функција. Кога одеднаш ќе почнете да јадете помалку калории, телото почнува да се бори со гладта, па произведува невообичаено високи нивоа на хормонот на гладта – грелин.
Од оваа причина вие се чувствувате уште повеќе гладни. “Нашите тела развиле функција да се стремат кон највисоката тежина, до што некогаш допираат. Односно, кога човек сака да ослабне, менувајќи го начинот на живот, тој всушност се бори против биологијата“, вели експертот.
Покрај тоа, според д-р Мозли драстичните диети се корисни, бидејќи го зголемуваат имунитетот. Краткорочното намалување на калориите до 800 на ден, може да ја подобри состојбата и на луѓето болни од дијабетес 2. Според него шеќерот во крвта се враќа во нормала токму по екстремни диети до осум недели.
Според научниците од Универзитетот на Јужна Калифорнија, пак, кога гладуваме за два до четири дена, коскениот мозок почнува да произведува повеќе бели крвни клетки, а тие го регенерираат имуниот систем. Освен тоа екстремните диети го намалуваат РКА ензимот кој се поврзува со стареењето и го зголемува ризикот од развој на рак.
Од сето кажано до тука, станува јасно дека екстремните диети не се штетни, но дека одржувањето на новата тежина останува предизвик.



















