Пластичната хирургија напредува | Од вообичаените делови на телото, се сели на интимните! Фото

207

Пластичната хирургија со години е многу популарна, како начин да го доведете своето тело до совршенство, а денес под нож одат, како жените така и мажите.

Покрај вообичаените делови на телото, денес пластичната хирургија се преселила и на помалку вообичаените делови од телото, како што е вагината.

Се верува дека на популарноста на дизајнерската вагина влијае порно индустријата, повеќето од жените изјавиле дека тие се одлучиле за оваа операција по породувањето, а се со цел да постигнат поголемо задоволство во сексот.

Д-р Габриел Довнеј, гинеколог во болницата во Бирмингем, советува жените добро да размислат за оваа постапка, добро да се информираат за операциите и сите потенцијални ризици, како и за цената која не е за сечиј џеб.

Жените најчесто се одлучуваат за лабиопластика која вклучува отстранување на вишокот на ткивото (внатрешната усна на вулвата, која виси надвор од надворешните усни).

Вагинопластика – ласерско подмладување на вагината

За ласерско подмладување на вагината обично е одлучуваат дами кои имаат слаби вагинални мускули, кои тешко се контролираат. За време на операцијата, во вагината се вметнува инструмент на ласерот кој изгледа како стапче, а токму тој го стимулира производството на колагенот.

Перинеопластика – затегнување на перинеумот

За време на породувањето често доаѓа до истегнување на перинеумот, кога мускулите стануваат распарчени или искинати. Токму перинеопластиката успешно се бори со овој проблем.

Намалување на венеричен брег

Ова е убедливо најретката корекциска операција на интимната област, и затоа е класифицирана како козметичка операција, ја врши хирург, а не гинеколог. Оваа постапка ја намалува “испакнатината” во таа област така што се отстранува вишокот на масти, а тоа обично се прави по пат на липосукција.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk