Сопственикот на една приватна градинка во Грузија се сетил на нешто доста оригинално и мал патнички авион кои не е во употреба, го претворил во детска градинка.
Грузијскиот град Рустави може да се пофали со “летечка“ градинка, која со воодушевување ја прифатиле и родителите и децата.
Гари Чапиџе, сопственикот на градинката, го трансформирал малиот авион во простор за престој и играње на деца од предшколска возраст.
Престојот во авионот имал позтивно влијание на децата. Авионот не е во употреба, не може да полета, така што нема потреба да се има страв од евентуални незгоди.
Сопственикот на градинката вели дека идејата ја добил од својот син, кој обожува авиони.