Ако јадете повеќе од сувомеснатите производи неделно, имате 51% поголема шанса за рана смрт

238

Малку изненадувачки, студијата покажа дека конзумирањето умерени количини на необработено месо, како говедско, свинско или мисиркино, имало неутрален ефект врз здравјето.

Потрошувачката на само 150 грама месни производи неделно може значително да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања и предвремена смрт, тврдат канадски научници.

Станува збор за репроцесуирано или преработено месо што се произведува така што му се продолжува рокот на траење со чадење, солење, сушење или додавање на конзерванси.

Преработеното месо е многу нездраво

„Истражувањата откриле дека консумирањето на само 150 грама месни производи неделно резултира со 46 отсто поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести и 51 отсто поголем ризик од предвремена смрт во споредба со податоците за исхраната на луѓето кои не консумираат преработено месо“, рече водечкиот автор на студијата Махшид Дехган од Истражувачкиот институт за срцеви, васкуларни и мозочни заболувања во Хамилтон, Канада.

Таа објасни дека ова е еднакво на две колбаси неделно.

Машид Дехган и нејзините колеги ги испитале податоците за исхраната и здравствениот статус на нешто помалку од 135 000 луѓе од 21 земја. Податоците биле собрани и следени 10 години.

Необработеното месо не претставува проблем

Нешто изненадувачки, студијата покажа дека конзумирањето умерени количини на необработено месо, како говедско, свинско или мисирка, имало неутрален ефект врз здравјето.

Резултатите од студијата беа објавени во Американскиот журнал за клиничка исхрана.

Научниците забележуваат дека станува збор за студија за набљудување, што значи дека добиените податоци се резултат на начинот на кој испитаниците пополнувале прашалници за исхраната и можните грешки што се случуваат, а станува збор за преценување или потценување на количината на потрошени производи од месо.