
Ангелски број 5 – Jophiel
Внимателноста и трпението се најважни да се доживее Jophiel-овото чудо. Ако брзате, не си оставате доволно време сѐ да доживеете во неговиот ритам, и тогаш неговата помош нема лесно да почувствувате.
Ангелот Jophiel можете да го повикате за време на медитација, бидејќи нему му е битно дека сте подготвени да го прифатите. Иако штом сте воспоставиле ангелска комуникација, ќе ви каже дека ако вашиот пристап кон сè е со мир, тогаш вие немате недостижни желби и ќе ви го покаже патот кој води напред.
Неговата порака: Не брзај, уживај во секој момент од животот кој ти е подарен!
Ангелски број 6 – Metatron
Метатрон ви помага во животот, да ги забележите важните нешта. Според легендата, одамна живеел на земјата како човек, а по неговата смрт тој станал Божји службеник. Како ангел помошник првенствено ја подобрувал способноста самите прецизно и систематски да напредувате во животот. Преку него полесно ќе ги гледате работите од светот и од својата околина, кои ѝ служат само на темната страна или како силите сакаат да ве свртат од вашата патека. Помага во организацијата и да се посветите на вистинската животна кариера. Впрочем како и сите, и вие сте дошле на овој свет со некоја мисија.
Ангелската порака за вас: Секогаш концентрирјте се на вредни работи!
Ангелски број 7 – Mihael
Тој е меч против силите на темнината, тој низ солзи ја уништил Содома и Гомора, бидејќи ниту еден ангел не е среќен ако тој не може да ги спаси синовите Божји. Но, тој не е секогаш толку застрашувачки, често е светлина која дава сила, а особено вам, чиј број на името се согласува со неговата духовност. Едно е сигурно, со негова помош никаква застрашувачка или мрачно нешто што не може да ви претставува пречка. Можете да стапите во контакт со својот ангел, кога ќе си ги избркате сите стравови и ќе ги замените со цврста вера, која е насочена кон Бог и во вашата предодредена мисија.
Ангелски број 8 – Rafael
Вашиот анѓел помошник е небесен исцелител кој ви помага не само во физичките работи, туку и ве благословува. Преку него и вие придонесувате луѓето околу вас да се чувствуваат подобро, да го заштитат здравјето или да го подобрат. Лицата чии имиња се број 8 имаат способност да лекуваат! Се разбира, не се однесува на сите нив да одговараат за туѓото физичко и ментално здравје, но себе мора да се чуваат во рамнотежа и хармонија за да ги исполнат своите земни обврски.
Така Рафаел има порака за вас: Обрнете внимание на пораките на своето тело, јадете здраво и ако треба бидете вегетаријанец за ништо живо да не допирате, спортувајте колку што можете!
Ангелски број 9 – Uriel
Името Uriel значи: Божја инспирација. Ако тој е вашиот ангел помошник и ако размислувате за нешто поврзано со вашиот живот, доволно е само навистина да мислите на него и ќе ви испрати одговор во некоја форма. Uriel е ангел на просветлувањето, а со него е најлесна ангелската комуникација. Доволно е да се запали една свеќа и да ги затворите очите и веднаш ви праќа пораки преку слики. Кога мислите дека немате начин да се извлечете од некоја ситуација и кога ќе ве заробат обврските, повикајте го на помош и тој ќе ве однесе до Бога, до вашиот духовен центар.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















