Погледнете ги прекрасните снимки од формирањето на срце во ембрион ! Видео

199

Британските научници успеале да го забележат моментот кога се формира срце кај ембрион на глушец и објавиле неверојатно видео од процесот.

Едно зачудувачко видео открива како срцето почнува да се формира кај ембрион на глушец, давајќи невиден увид во раниот развој на срцето.

Научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и Институтот „Francis Crick“ користеле светлосна микроскопија (LSM) за да создадат остри тродимензионални слики од живо ткиво со скенирање на ембриони со тенки слоеви светлина. Овој метод им овозможил да ги набљудуваат срцевите клетки без ризик од оштетување на ткивото.

За да го следат однесувањето на клетките, научниците ги обележале клетките на глувците со флуоресцентни маркери и ги снимале на секои две минути во текот на 41 час. Видеото покажува како клетките се организираат и се претвораат во функционално, чукачко срце.

Едно од клучните наоди на студијата е дека клетките покажале насоченост и намена многу рано.

„Нашите наоди покажуваат дека одредувањето на срцевата судбина и насоченото движење на клетките може да се регулираат многу порано во ембрионот отколку што сугерираат сегашните модели“, рече Kenzo Ivanovitch, развоен биолог на UCL.

  • Ова фундаментално го менува нашето разбирање за развој на срцето бидејќи покажува дека она што изгледа како хаотична клеточна миграција всушност следи скриени обрасци што обезбедуваат правилно формирање на срцето, објасни Ivanovitch.

Иако е далеку од клиничка примена, споменатото истражување, кое е објавено во The EMBO Journal, би можело, на пример, да го отвори патот за нови третмани за вродени срцеви мани.

Извор: Science Alert