Неверојатни предвидувања на Никола Тесла за 21. Век

344

Новинари на „Њујорк тајмс“ и на „Тајм“ биле редовни гости на Никола Тесла во ’30-те години од минатиот век во неговата хотелска соба во Њујорк. Тесла им раскажувал за својата младост, но и за некои свои предвидувања за иднината, од кои некои се оствариле.

Создавање на агенцијата ЕПА

Тесла го предвидел отварањето на Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА), која е основана 35 години по неговата смрт.

– Хигиената и физичката култура ќе бидат препознати од образованието и од владаата. Секретарот на агенцијата за хигиена и физичка култура ќе биде поважен од претседателот на САДnbsp; во 2035 година. Загадувањето, кое владее во Њујорк на нашите потомци ќе им биде незамисливо, а исто така и многу внимание ќе се посвети и на снабдувањето со вода, изјавил Тесла.

Едукација, војна и вести на иднината

Тесла замислил свет, во кој научните откритија ќе имаат поголем проритет од војната.

– Денес најцивилизираните земји трошат повеќе пари на војна, а помалку на образование. 21. век тоа ќе го исправи, ќе биде поважно да се бориме против незнаењето, отколку да ја добиеме војната. Откривањето на нови научни вистини, ќе биде поважно од судирите на дипломатите. Весниците ќе известуваат за научните истражувања како за најважни вести, изјавил Тесла.

Здравјето и исхраната

– Не јадам месо, а тоа наскоро и сите други ќе го разберат. Исто така чајот, кафето и тутунот нема да бидат популарни, но алкохолот секогаш ќе биде интересен. Ќе има доволно жито за да се прехранат милиони во Индија и Кина, а уништената земја повторно ќе процвета со помош на хемијата, велел познатиот научник.

Роботи

Тесла со роботика почнал да се занимава уше во почетокот на минатиот век, кога сите ги воодушевил со својот патентиран брод на далечинско управување. – Не треба да се уништи машината, туку треба да се научи што да прави. Се што денеска правиме еден ден ќе го прават роботите. Тие ќе работат се што некогаш работеле робовите, сметал Тесла.

Евтина енергија и управување со природните ресурси

– Сите ќе имаат вода и енергијата ќе биде достапна во сите домови за малку средства. Исто така и најоддалечените места во земјата ќе имаат енергија (струја), прогнозирал Тесла.