Нова варијанта е откриена во сите американски држави, освен Небраска | Експертите, сепак, се сомневаат дека ќе ја замени Делтата

556

Калифорнија бележи најмногу заразени со Му варијанта, Флорида го пријави вториот најголем број.

Иако експертите тврдат дека варијантата на коронавирусот нема да ја надмине неговата вирулентност и високата стапка на пренос на Делта варијантата, бројот на нови случаи на инфекција ги загрижува лекарите во Лос Анџелес и Хјустон, забележува Yahoo! News. До денес, варијанта е откриена во сите американски држави, освен Небраска. Калифорнија забележа најмногу заразени со оваа Му варијанта, додека Флорида го пријави вториот најголем број.

Меѓутоа, засега, најголемата закана останува Делтата, велат американските епидемиолози.

„Делта ги надмина сите други варијанти благодарение на неговата исклучително лесна преносливост. Му варијантата не успеа епидемиолошки да ја замени Делтата, во однос на преносливоста“, изјави д-р Monica Ghandi, специјалист за инфективни болести од UC San Francisco, за Washington Examiner.

Му варијантата е присутна во 40 земји низ светот

Светската здравствена организација ја означи како варијанта на интерес на 30 август, поради „плејада мутации што укажуваат на потенцијални својства на имунолошко бегство“, додавајќи дека сојот, првпат идентификуван во јануари во Колумбија, сега е присутен во 40 земји. Д-р Anthony Fauci изјави дека неговата администрација го следи еволутивниот пат на варијантата, но не ја гледа како непосредна закана.

Д-р Ghandi изјавила дека се очекува коронавирусот да мутира во уште повеќе преносливи видови, но нема да го стори тоа на неодредено време. Ова ќе заврши порано или подоцна, бидејќи се повеќе луѓе ќе постигнат имунитет, или преку вакцинација или со надминување на инфекцијата. Покрај тоа, еволутивната биологија на вирусот не дозволува секоја мутација да биде поопасна од претходната.

„Тие ќе мутираат за да станат помалку вирулентни, а повеќе преносливи. Варијантата Му го тоа не го покажува. Не сме убедени дека е поопасна. Делтата е веројатно најлоша во однос на преносливоста“.

„Надвор од Колумбија, варијанта Му можеби не е голема работа, како Ламбда варијантата во Перу и Гамата во Бразил“, вели д-р Wesley Long, клинички патолог од Хјустон.

Во Колумбија, варијантата Му учествува со 87,5% од тековните случаи. Експертите од Универзитетот Brown не мислат дека варијантата ќе ја помести Делтата, а вакцините против неа добро се држат.