Мрачна проценка | Развиле сценарио од кое зависи нашата иднина – “Фосилните горива мора да останат под земја!”

346

И таа „темна слика веројатно го потценува она што треба да се направи“, предупредуваат научниците.

Речиси 60% од резервите на нафта и гас и 90% од јагленот мора да останат под земја, доколку глобалното затоплување треба да се одржува под 1,5 Целзиусови степени, велат научниците.

Прогнозата се базира на анализа на глобалната понуда и побарувачка на енергија, вчера објави BBC. Се работи за “мрачна“, но реална проценка на „она што науката ни вели дека треба да се направи“, посочуваат експертите.

Изработено е „сценарио за иднината“ што остава многу помалку простор за експлоатација на фосилни горива отколку што се мислело.

Работите се враќаат во нормала

Научниците велат дека ограничувањето на зголемената глобална температурата до 1,5 степени може да помогне да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени.

Тие пресметале дека глобално, производството на фосилни горива треба да достигне врв во 2020 година и да падне три проценти секоја година до 2050 година.

„Во пандемијата ковид-19, видовме голем пад на производството, но сега работите се враќаат во нормала“, рече професорот д-р Steve Pye, од Универзитетот во Калифорнија.

Студијата, објавена во списанието Nature, открива и дека падот на производството на нафтата и гасот до 2050 година, за да се одржи јаглеродната пресметка, значи дека многу региони во моментов или ќе бидат во пик на производство во следните десет години.

Пресметката на јаглерод е кумулативна количина на јаглерод диоксид што може да се ослободи во одреден временски период за да го достигне прагот на температурата, во овој случај 1,5 степени.

Проценката дури и потценува?

Бројни планирани или активни проекти за фосилни горива, најверојатно, нема да го исполнат меѓународно договореното ограничување за глобалното затоплување, утврдено со Парискиот договор за климата од 2015 година.

И таа „темна слика веројатно го потценува она што треба да се направи“, предупредуваат научниците.

Јаглеродната пресметка во студискиот модел му дава на светот 50% шанси да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени. Но, тоа не вклучува неизвесности како повратни реакции за климатскиот систем.

„Значи, за да биде посигурна стабилизацијата на температурата, повеќе јаглерод мора да остане под земјата“, на крајот заклучуваат научниците.