Да се живее среќно | Самодовербата ќе расте со лачењето на серотонинот

498

Навики на среќни хемикалии – Менувањето на некои навики, како што се пушењето, прејадувањето или расипништвото е исклучително тешко, но тоа може да стане причина за повеќе среќни хемикалии во само 45 дена.

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои работи ве прават да се чувствувате добро? Одговорот лежи во хемикалииете кои ги произведува нашиот мозок.

Познавање на начинот на кои овие хемикалии дејствуваат ќе ви помогне почесто да се чувствувате добро, а инструкциите можете да ги најдете во книгата Meet Your Happy Chemicals: Dopamine, Endorphin, Oxytocin, Serotonin” на психологот Lorette Breuning.

Допаминот се лачи кога ќе задоволиме некоја потреба, а окситоцинот кога чувствуваме доверба. Ендорфинот обично се јавува при мала тешка физичка активност. Серотонинот им се јавувал на нашите предци кога тие се чувствувале важно.

Тоа им е сигнал дека ќе преживеат во природна состојба во која опстануваат “поважни”, а денес повеќе е поврзан со самодовербата. Всушност, сите овие предизвикувачи ги наследивме од предците. Нивните мозоци ги активирале овие хемикалии за да знаат дека опасноста поминала, и дека сега сѐ е во ред.

Breuning пишува дека поради намаленото производство на овие хемикалии во голема мерка се заслужни лошите навики. Тие нѝ сигнализираат дека сè е погрешно, а потоа се чувствуваме несреќно. Исто така, додава дека е неопходно да се изгради “навика на среќни хемикалии”. Менувањето на некоја навика, како што се пушењето, голема потрошувачка или прејадувањето е исклучително тешко, но тоа може да стане поттикнувач за посреќните хемикалии за само 45 дена. Потребно е некоја навика целосно да се промени. Breuning ова го нарекува репрограмирање на мозокот и опишува три важни чекори.

Немојте да се осудувате за ништо во текот на тие 45 дена. Прифатете ги несреќните хемикалии, кои ќе ги чувствувате во овој период, бидејќи без нив нема да можете да ги препознаете оние среќните. Вие избирате нови навики, имајќи ги предвид чувствата што ги поттикнуваат тие хемикалии. Гушкајте се со најблиските за повеќе окситоцин, или направете некое добро дело со цел да се чувствувате подобро заради себе и да заработите доза на серотонин.