Амбиентот меѓу финалистите на Евросонг зоврива

503

Една пејачка особено е “напалена” (читај наострена), а еден натпреварувач откри дека се бори со здравствен проблем кој ги мачи многумина.

Втората полуфинална вечер им донесе малку поголем успех на нашите претставниците, а токму ним водителите први им соопштија дека одат во финале.

Како и обично, по натпреварот се одржа прес-конференција, а на новинарското прашање дали мисли дека на овој начин ги замолкна оние кои не и мислеа добро, Тамара шеговито препорача дека секогаш е за “одмазда”.

“Горди сме што, по шест години сме во финалето, сакам да му се заблагодарам на мојот тим”, продолжи таа со посериозен тон.

По одговарите на прашањата од новинарите, секој претставник извлекуваше ливче со кое самиот си одреди во кој дел од фестивалот ќе настапи – првиот или вториот дел од финалната вечер. Повеќето вчерашни изведувачи немаа многу среќа, па затоа ќе ги гледаме во нешто помалку атрактивен прв дел од вечерта.

– Јас сум уметник, го сакам она што го правам и она што го пеам. Ова е за мене како сон, не можам да верувам … Јас сум во финалето со одлични уметници – изјави Албанката Јонида Малиќи.

Ако се суди по коментарите на социјалните мрежи, во втората полуфинална вечер имаше поголема конкуренција отколку во првото полуфинале во вторникот.

Осумнаесет изведувачи се преставија, а за понатаму се изборија уште и Холандија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

На прес-конференцијата присутните особено ги воодушеви одговорот на симпатичниот претставник на Русија Сергеј Лазарев, кој по три години повторно е на изборот за песна на Европа. Имено, прашањето се однесуваше на здравствените проблеми со кои 36-годишниот пејач се борел пред големиот настап.

– Многу сум среќен што се вратив во Евросонг. Се разбира, бев нервозен, бев нервозен и во 2016 година, но публиката беше неверојатна.

“Имав здравствен проблем, вчера не можев ниту главата да ја свртам, можеби поради климата. Ве молам кренете ја температурата”, им порача Лазарев на организаторите и го поттикна аплаузот кај публиката.

Сега останува уште да се види кој од вкупно дваесет и шест натпреварувачи ќе ја земе победата на 64. издание на Евросонг.