Најдевијантен владетел
Нерон? Калигула? Не. Римскиот император Тибериј, наследникот на Август Цезар, бил убедливо најперверзен владетел на декадентната империја. Според биографот Светоније, Тибериј самиот си направил “еротски штаб” на островот Капри, каде што водел момчиња, кои изведувале сложени сексуални “перформанси”, во кои императорот понекогаш и самиот учествувал. Перверзниот император ги обучувал момчињата да го задоволат под вода додека бил во својата бања. Тој дури ги нарекувал свои мали рибички, велат историчарите.
Подвижни матки
Древните народи биле релаксирани по повод голотијата, а голата човечка фигура имала статус на божество. Грците особено се восхитувале на позадината – на машката и женската. Сепак, кога душата би го напуштила телото, античките луѓе се плашеле и да му пријдат. Причина? Лошото познавање на човечката анатомија создала уверувања дека женската матка “шетала по телото” по смртта заради што доведува до извор на болести.
Чудна улога на бакнувањето
Продолжува на страна 2