Сан јин џао – најженската точка во телото

1115

Заморот, секојдневниот стрес, неправилната исхрана, прекумерна тежина се само дел од факторите кои ги нарушуваат функциите на матката, јајниците и тироидната жлезда. За да биде една жена убава, здрава и енергична, во нејзиното тело не смее да има нерамнотежа.

Кинеската медицина собрала многу тајни, преку кои може да се влијае позитивно на женското здравје. Една од нив е стимулирањето на точката сан јин џао. Каде се наоѓа таа? Од внатрешната страна на глуждот ставете четири прста над кокалчето.

За да ја стимулирате треба да ја масирате, односно со показалецот нежно да ја притискате. Направете масажа околу 10 минути, а може и да ги менувате нозете. Стимулацијата на точката не се препорачува на бремени. Еве некои од придобивките при нејзиното стимулирање.

Редовен месечен циклус

Стимулацијата на оваа точка може да помогне за подобрување на функциите на слезината, црниот дроб и бубрезите, но исто така и до регулирање на менструалниот циклус. Исто така ќе уживате повеќе виталност, а според некои експерти, може да се забави и настапувањето на менопауза.

Ја прави кожата еластична

Слезината е директно поврзана со еластичноста на кожата. Кога редовно ја стимулирате точката сан јин џао, кожата ќе ви се заблагодари. Задолжително вклучете го овој мал ритуал во секојдневните грижи за неа.

При намалено либидо

Стресот и хормоналните нарушувања се најчестите причини за намалување на либидото. Благодарение на кинеската масажа ќе ја намалите напнатоста и желбата за љубов повторно ќе се поврати.

Ако правите обиди за зачнување, не пропуштајте да ја стимулирате точката сан ин џао. Така не само што ќе се подобри функцијата на јајниците, но и приливот на крв во матката.

При стомачни проблеми

Кога страдате од надуеност, цревни нарушувања и нарушувања во варењето, болки за време на циклус, стимулирајте ја точката сан ин џаоо.