Тие остануваат заробени од планетарните гравитациски сили и потоа орбитираат околу Сонцето во иста насока како и таа планета.
Астероидот откриен во орбитата на Земјата, широк околу 1,2 километри, би можел да остане во орбитата околу нашата планета уште најмалку 4.000 години без да претставува никаква опасност, објавија шпанските научници.
Користејќи податоци од телескопите во Чиле, Аризона и Канарските Острови, научниците го дадоа досега најсеопфатниот опис на астероидот, наречен 2020 XL5 и првпат откриен пред две години.
Тие потврдиле дека тој е еден од само двата таканаречени тројански астероиди кои патуваат како сопатници на Земјата.
Скитник во Сончевиот систем
Тројанските астероиди можеби се скитници во Сончевиот систем, како што е случајот со овој, или можеби се материјал кој останал од формирањето на нивната матична планета. Тие остануваат заробени од планетарните гравитациони сили и потоа орбитираат околу Сонцето по истиот пат како и таа планета.
Се чини дека ова е астероид од типот C, еден од најчестите видови во Сончевиот систем, според научникот Toni Santana-Ros од Универзитетот во Аликанте и Институтот за вселенски науки на Универзитетот во Барселона, водечки автор на студија објавена во списанието Nature Communications.
Овие астероиди се со темна боја и содржат многу јаглерод заедно со камења и минерали.
„2020 XL5 не претставува закана за Земјата. Очекуваме да остане во својата сегашна стабилна орбита најмалку во следните 4.000 години“, рече научникот и коавтор на студијата Cesar Briceno од американската Национална научна фондација NOIRLab.
Колку е далеку?
Тој е на растојание од Земјата кое варира од 90 милиони km до 270 милиони km. Астероидот зазема една од петте таканаречени Lagrange точки – позиции во вселената каде што објектите имаат тенденција да останат на своето место.
Тие пет места овозможуваат стабилни орбити поради конкурентните гравитациони сили на Земјата и Сонцето. Овој се наоѓа на она што се нарекува точка L4.
Единствениот друг тројански астероид виден околу Земјата, откриен пред 12 години, исто така во точката L4, го доби името 2010 TK7. Тој е помал со пречник од околу 400 метри. Се смета дека тој бил заробен од гравитацијата на Земјата додека „скитал“ по Сончевиот систем.
“Астероидот 2020 XL5, првпат откриен во декември 2020. година со помош на телескоп на Хаваи, можеби бил фатен од гравитациската сила на Земјата пред околу 500 и 1.000 години, рече Santana-Ros.“
Поделикатна средина на Земјата
Бројни тројански астероиди го населуваат нашиот Сончев систем, а најголемата планета, Јупитер, ги има речиси 10.000, рече Santana-Ros. НАСА лансираше вселенско летало по име Lucy минатиот октомври за да ги истражи.
Тројански астероиди се пронајдени и околу Нептун (28 од нив), Марс (четири), Уран (два) и Венера (еден).
„Јупитер е џин во секоја смисла, дури и во однос на масата. Тој ја исчисти својата околина од други објекти и собра илјадници објекти на своите точки L4 и L5“, рече je Santana-Ros.
„Земјата има поделикатна средина, со блиски гравитациски конкуренти како Венера, Марс или дури и Месечината. Затоа, гравитационите нестабилности на 2020 XL5 на крајот ќе му овозможат на тој астероид да избега од точката на стабилност L4.“
Santana-Ros рече дека би можело да има уште тројански астероиди околу Земјата и допрва треба да се откријат. Две Lagrange точки на кои би можеле да постојат, L4 и L5, тешко се набљудуваат од Земјата.
„Секој астероид кој орбитира околу овие точки ќе биде видлив само за краток временски период во близина на самракот, на многу ниски височини над хоризонтот“, додаде Santana-Ros. „Ако ги насочиме нашите најголеми телескопи ниско над хоризонтот и во близина на самракот, сигурен сум дека ќе најдеме повеќе изненадувања.“