Диетите штетат на мозокот

1353

Според новото истражување објавено во медицинските списанија Neuroscience и Science Daily, диетите штетат на мозокот и особено на меморијата.

Според истражувањето, направено од научниците во Универзитетот Дјук, јадењето помалку храна во крајна линија, е лошо за нашиот организам.

Причината за ова е што кога практикуваме одреден режим на исхрана, ние се обидуваме да се спротивставиме на телото, барајќи самоконтрола.

Самоконтролата од своја страна има негативен ефект врз способноста на човекот за пеметење.

Според истражувањето, самодисциплината буквално ја “троши” нашата способност да се запаметат основни факти и информации.

Истражувањето покажува дека кога се фокусираме на себе, обидувајќи се да се воздржуваме од одредени видови храна, ние без да сакаме штетиме на овој дел од мозокот кој управува со вниманието и меморијата.

Истражувањето е докажано откако е направен обид со 120 учесници, кои биле тестирани за краткотрајна меморија, пред и по почитувањето на диета.

Научниците сметаат дека истражувањето може да биде корисно по некое време кога ќе се развијат нови методи за лекување на состојби како зависност и хиперактивност со дефицит на внимание (ADHD).

Значи следниот пат кога мислите дека треба да се воздржите од парче чоколадо, не го правете за тоа да не почнете да заборавате разни банални нешта и да добивате т.н. бели дамки!