Малку необични реликвии | Окото на Ајнштајн, пенисот на Наполеон, прстот на Галилео | Фото

231

Во музеите ширум светот, но и во многубројни приватни збирки на колекционери – фанатици, се чуваат едни од најневообичаените, најбизарните и најчудните реликвии.

На пример, нечии очи, нечиј здив или прст. Реликвиите можат да бидат и нешто сосема друго. Ако ова изгледа чудно, еве ја листата на најнеобичните реликвии, познати на јавноста.

Пенисот на Наполеон Бонапарта

Еден англиски патолог ја работел обдукцијата на телото на францускиот војсководец на островот Света Елена во 1821 година и во таа прилика го отсекол пенисот на Наполеон.

Од тогаш до денес, оваа бизарна реликвија била во рацете на еден италијански свештеник, во сопственост на лондонски продавач на книги и во приватната колекција на еден американски уролог, кој платил 2.900 во 1969 година.

Пенисот на Наполеон го чувал во куфер под својот кревет, се до смртта во 2007 година. Во јуни, овој предмет е продаден на аукција на колекционер од Аргентина.

Последниот здив на Томас Едисон

Продолжува на страна 2