Ах таа генетика | Рак на дојка, депресија, ќелавост – што наследуваме од таткото, а што од мајката

926

Ако вашата мајка имала проблеми со срцето, имате 20 проценти повеќе веројатност дека ќе ги имате и вие, откриле четири одделни научни студии.

Освен бојата на очите, обликот на носот, градбата на телото, од родителите, за жал, наследуваме и разни болести.

Прв на листата е високиот холестерол, тврди американскиот генетичар Шивани Назарет.

– Еден од 500-те луѓе има генетска мутација која предизвикува фамилијарна хиперхолестеролемија – наследна болест која може да биде причина за предвремен срцев удар или мозочен удар – вели Назарет. Таа додава дека заболените тешко го контролираат холестеролот кој се акумулира во вените.

Рак на дојка и ќелавоста

Додека двата родители може да бидат виновници за висок холестерол, ракот на дојката се наследува од таткото.

Имено, секој човек е роден со гените BRCA1 и BRCA2 кои не создаваат здравствени проблеми додека не мутираат. Но, жените кои ќе ја наследат мутацијата на еден или на двата BRCA гени од нивниот татко, имаат поголем ризик од рак на дојка, особено ако и мајката ја има таа мутација. Д-р Назарет појасни дека овие гени не се опасни за здравјето на мажите, бидејќи ракот на дојката е ретка појава кај машката популација, додека истото не може да се каже и за жените.

Ако за губење на косата ја обвинувате машката страна на семејството – се обраќате на погрешна адреса. Ген кој игра клучна улога кај ќелавоста се наоѓа на хромозомот Х, кој мажите секогаш ја наследуваат од мајките, додека истите гени ги носат од двата родитела.

Продолжува на страна 2