Дијабетес
За дијабетес тип 2 најчесто се виновни неуредниот начин на живот, но истражувањата покажуваат дека дури и 5 проценти од младите имаат знаци на оваа болест, иако не се со прекумерна тежина и редовно вежбаат. И тука е проблемот на генетската мутација, па се работи за форма на дијабетес кој научниците го именувале MODY.
– Раното препознавање на пациентите со MODY поттипот на дијабетес многу е важно, затоа што им е потребна поинаква терапија која може да ја контролира болеста со години без компликации – вели Назарет.
Компликациите се јавуваат при нетолеранција на лактоза
Природната нетолеранција на лактоза е ретка болест предизвикана од мутација на генот кој го произведува ензимот лактаза. Се манифестира со силна водена дијареа која се јавува кратко по првиот оброк на млекото (доење).
– Вродената интолеранција на лактозата се јавува ретко, но 65 проценти од возрасните почувствувале гастроинтестинални нарушувања по конзумирање на млечни производи – вели Назарет. Таа додава дека кај повеќето луѓе чувствителноста на лактоза се намалува со возраста.
Главоболки и ментални болести
Склоност на долготрајни и тешки главоболки придружени со гадење се наследува во околу 70 до 80 проценти од случаите, тврди д-р Кејт Хенри од Универзитетот во Њујорк. Научниците откриле дека генот наречен треск предизвикува појави на мигрена, а честопати го наследуваат од родителите.
Ако мајката имала проблеми со срцето, имате 20 проценти повеќе шанси дека ќе ги имате и вие, откриле четири одделни научни студии. Начинот на кој претходниот инфаркт на мајката влијае врз нашата склоност кон него не е целосно разјаснет, но сепак е очигледен, велат експертите.
Околу 10% изнесува веројатноста дека ќе ја наследите склоноста за заболување од депресија, открил американскиот Институт за ментално здравје. Експертите објаснуваат дека депресијата е само една од психичките болести кои можат да се наследат, со биполарно растројство и шизофренија.


















