Жителите на Ликуијан потомци на изгубена римска легија

2871

Со години, жителите на далечно село во Кина веруваа дека се посебни, а сега научниците потврдија дека се потомци на изгубена римска легија

Многу селани имаат западни карактеристики вклучувајќи зелени очи и руса коса, а експертите тврдат дека тие се потомци на изгубената римска легија која се населила на овие простори.

ДНК-тестовите покажаа дека две третини од жителите на селото Ликуијан се со кавкаско потекло. Овие резултати дополнително ја зајакнале теоријата дека основањето на ова село е поврзано со легендата за исчезнувањето на армијата на римскиот генерал Маркус Красус.

Откако Красус беше поразен од Персијците во областа близу денешен Иран во 55 година п.н.е., приказната вели дека 145 негови војници талкале со години во овој регион.

Врската меѓу селата Ликуијан и Рим за првпат ја објасни професорот од Оксфорд, Хомер Дабс, во 1950 година. Дабс даде теорија во која се опишува движењето на легионерите на исток заробени од Кинезите седумнаесет години подоцна.

Се верува дека некои војници стигнале на исток до денешен Узбекистан, каде што му служеле на лидерот на Хуните Јж Jжу во војната против кинеската династија Хан.

Тој ја поврза приказната што вели дека селото Ликуијан е основано од војници заробени во војната меѓу Кинезите и Хуните во 36 п.н.е., со приказната за изгубената војска на Маркус Красус.

Каи Жуниан (38) е жител на ова село. Тој има зелени очи. Тој го носи прекарот Каи Луома, што значи Каи Роман. Тој прекар му го дадоа пријателите и тој е многу познат во околината.

Археолозите откриле гробница на човек висок околу 180 см, што го поткрепува верувањето дека Римјаните навистина живееле на ова место.

Некои експерти велат дека селото потекнувало од трговска рута помината од различни народи. Некои, наводно, починале таму и подоцна биле погребани.

Колегите на Дабс велат дека неговата теорија е интересна и можна, но тие го критикуваа вишокот на предвремени заклучоци и шпекулации.

Професорот Јанг Гонгл од Универзитетот во Пекинг рече дека нема доволно докази што ги поврзуваат селаните со Римјаните.

Според неговото истражување, селото Ликуијан е основано во 104 година п.н.е., половина век пред доаѓањето на римските војници.

Италијанскиот антрополог Маурисио Бетини од Универзитетот во Сиена ја нарече теоријата на Дабс „бајка“.

Тој за италијанските весници изјави дека најпрво е потребно да се најдат римски пари или оружје што се карактеристични за римските легионери, со цел да се соберат валидни докази за нивното постоење.

Приказната е комплицирана од фактот дека Римската империја била најголема во тоа време и дека Римјаните доминирале во Европа и Африка.

Стратегијата на Римјаните била да ангажираат војници за освојување, така што многу римски легии не биле „вистински“ Римјани, туку заробени луѓе кои подоцна биле обучени за борба.