Нема човек на планетава кој не слушнал за Никола Тесла, но за оние кои малку се запознаени со неговиот живот, и упатени во неговите дела, во кратки црти:
Роден на 9 јули 1856, во Смиљан и еден е од најголемите иноватори на сите времиња, починал сиромашен, речиси заборавен, на 7 јануари во 1943 година.
Еден е од најинтересните истражувачи, коj инспирирал со својата генијалност, еден од најплодните умови на целото човештво и, без сомнение “луд” во најдобрата смисла на зборот.
Автор е на речиси 1.000 патенти кои се занимаваат со електрична енергија, со нејзиното производство и зачувување, се стекнал со четиринаесет докторати од универзитети низ целиот свет и одлично зборувал 12 јазици.
Повеќето од големите умови имаат одредена опсесија која некои ја сметаат за болест, а некои на тоа гледаат како на посебен талент кој води до најголемите откритија во светот. Никола Тесла имал неколку опсесии, кои можат да се толкуваат и со задачи кои сам ги поставувал како цел на проучување и анализа.
Всушност, тој сметал дека клучот за универзумот е во бројките. И тоа не било кои броеви, туку броевите 3,6,9.
Сè што работел, работел во сетови од 3. Секогаш би ja обиколил зградата три пати пред да влезе внатре, ги чистел чиниите со 18 салфетки, живеел во хотелска соба, а броевите на собата ги бирал во зависност од тоа дали тие можат да се поделат со 3. Сметал со делливи предмети околу себе и секогаш сакал да бидат делливи со 3.
Но, зошто тие броеви? Што Никола Тесла сакал да нѝ порача?
Продолжува на страна 2