На овие женски особини паѓа секој маж

1058

Надворешниот изглед, шминка, облека… се тоа привлекува внимание…

Но, тие бараат нешто друго, а ако ги имате овие три работи, може да го освоите секој маж.

Насмевка

Не мислиме на бесмислено кикотење на неговите шеги кои ни тој сам не ги разбира, туку онаа искрена насмевка од срце, која е најдобар афродизијак за мажите.

Сексапил

Тоа не е ни тесен фустан во кој не можеш да дишеш, ниту најновите штикли во кои не знаеш да одиш, туку енергијата која ја поседуваш, па ги привлекуваш мажите како магнет. Може да бидеш сексапилна и во тесна бела маичка и фармерки, со расфрлана коса и без шминка. Доколку го имаш она нешто, тој или кој и да е маж ќе биде твој.

Самодоверба

Кога ќе почувствува дека имаш самодоверба, нема шанси да не падне. Жената која сака и се цени себеси е фатална. Ќе оди фрабро, со подигната глава, со поглед кој само ќе преминува преку другите. Да, тоа е клуч за успехот.

Значи, не мора да бидете облечени по последна мода, ниту убавица од светски размери за да го освоите мажот од соништата.