Некои растенија не се само убави, туку поседуваат и низа корисни својства.
Благодарение на тие својства, тие значително ја подобруваат микроклимата на нашиот дом. Една од нив е клорофитумот или зелениот лијан.
Под дејство на светлината клорофитумот со тек на време станува посветол, а линиите на неговите листови се многу декоративни. Кај билките што се во сенка, линиите постепено исчезнуваат.
Зелениот лијан има способност активно да го прочистува воздухот во просторијата. Многу ефикасно ги неутрализира материите кои се штетни за човечкиот организам како што се фенол, бензен, формалдехид и други, кои во големи количини ги испуштаат современите материјали за завршна обработка и мебелот од иверка.
Многу ефикасно ги апсорбира гасовите, го впива јаглеродниот диоксид, а одлично го неутрализира и димот од цигарите.