Дал отказ! Продал сè за да биде со болниот син!

160

Помош за децата: Вито, синот на Славен, страда од сензорно нарушување. Потребна му е постојана грижа, така што родителите на момчето сами го финансирале основањето на здружението Сензори!

Јас бев претприемач, долгогодишен менаџер на компании и мојот живот беа таблички, проекти, бизнис и профит. И така, тоа беше сè до пред неколку месеци, кога видов дека мојот главен животен проект, синот Вито (3), има проблем кој хрватскиот здравствен систем не може да го реши, раскажува Славен Вујиќ (дипломиран правник).

Близок пријател и коментатор на борбите на Мирко Филиповиќ, продл сè што имал со цел да го покрене здружението Сензори, со цел е да им помогне на децата со сензорни нарушувања, што е дијагностицирано и кај неговиот син. Вито е роден на 10 април 2012 година. Првата година, се чинеше, дека сè е во ред, но Вито почна да заостанува во развојот зад неговите врсници. Мнаогу споро ги усвојувал новите работи, не зборувал, поминувал часови гледајќи во врвките и во своите прсти. Мајката Маја (31) не се одвојува од својот син. Таа вели дека нивните познаници и роднини на почетокот им зборувале дека Вито е само разгален и дека му е потребна поцврста дисциплина и воспитување. Но, мајчинските инстинкти ѝ зборувале дека се работи за нешто подлабоко.

– Прилично доцна почна да ползи и со тоа имаше проблеми. Веднаш тргнавме кај детскиот психолог, кој на 18 месеци нѐ предупреди на можноста за аутизам. И тогаш започна борбата со системот. Ниту самите лекари не можеа да се договорат за тоа дали тој е дете со аутизам или дете со сензорни нарушувања, бидејќи симптомите се преклопуваат. Вито, на пример, имаше контакт со очите, што децата со аутизам го немаат, а со оглед на тоа дека му е потребна постојана грижа, никој не го сакаше – нѝ вели Славен.

– И тука се роди идејата кај мене за формирање на Здружението, кое ќе биде место само за нив и кое ќе им даде сè што не можат да им овозможат социјалната заштита и здравствените установи. Сѐ што имав продадов. Јас не сум повеќе менаџер и претприемач, туку само тато – вели Славен.

– Скапата рехабилитацијата ме поттикна да создадам место кое ќе им биде достапно до родителите на овие деца, но и со прифатлива цена. Досега сѐ финансиравме со наши средства, без куна донации, но и понатаму ќе субвенционираме дел од скапите терапии – вели овој посветен татко.

Здружението во моментов е сместено во 50 квадратни метри кои ги добиле од еден човек на бесплатно користење до крајот на годината. Но, и понатаму се во потрага за поголем простор од 200-тини квадратни метри.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk