Многумина од нас не можат да замислат да го започнат денот без омилениот црн пијалок. Меѓутоа, кога е топло како во пекол, би било подобро да го избегнувате, особено она попладневното.
Сите се радуваме на сончево време, а особено оние кои се во можност во текот на денот да скокнат до своето омилено кафуле на кафе со пријателите. Сепак, на тропските горештини ова не е добра идеја.
Иако на прв поглед се чини дека една шолја кафе, која има моќ да нѝ го крене притисокот, би можела да биде одлична превенција против топлотен удар, тоа не е така.
СРЦЕ
Проблемот е во тоа што кафето (исто како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанција која го зголемува крвниот притисок, го забрзува пулсот, па дури може и да предизвика прескокнување на срцето. За жал, тоа подигање на притисокот е само моментално, а по престанувањето на дејството на кофеинот, може да дојде до неговото паѓање. Ние сме сигурни дека не сакате да ви се слоши, а уште помалку да добиете срцев или мозочен удар.
ПОТЕЊЕ
Исто така, кофеинот е силен диуретик, што значи дека поттикнува побрзо излачување на течности од организмот, или преку потење, или со честите посети на тоалет – што доведува до дехидрација. Проблемот е во тоа што, заедно со течноста, од телото си заминуваат и многу вредни минерали, како што се соли, железо, магнезиум или калциум.
УБАВИНА
Друга лоша работа за оние кои се во состојба да се сончаат овие денови, и сакаат поубаво да поцрнат, е тоа што, со своето својство на дехидратација, кафето ја суши кожата и на тој начин доведува до побрзо создавање брчки.
РАСПОЛОЖЕНИЕ
Што се однесува до психата, ниту тука кафето и топлината не се добра комбинација, затоа што кафето го зголемува лачењето на хормоните на стресот, адреналин и кортизол, што во задушливиот јавен превоз без климатизација може да ги интензивира симптомите на анксиозност, но и да ве доведе до фактот дека ќе ви “падне шеќерот”.
НЕСОНИЦА
Исто така, лете деновите се подолги, а за време на жешките ноќи во секој случај помалку спиеме, а кафето, кое инаку нѝ ја зголемува будноста, дефинитивно не е пријател на квалитетното спиење.
СМРТОНОСНА КОМБИНАЦИЈА
Особено е опасно ако се одлучите за ледено кафе со многу шеќер и млеко. Не е само во прашање калориска бомба која вѐ дебели, туку сигурно не е добро за здравјето. Ем што може да ви скокне шеќерот, ем што никогаш не можете да бидете сигурни во квалитетот на млекото, што може со деновите да ве закова за ВЦ школката.
АКО БАШ МОРАТЕ …
Ако сте зависник до тој степен до кој веќе однапред знаете дека нема да го послушате советот воопшто да не пиете кафе – испијте само едно, утринско кафе и тоа она црно, без шеќер или млеко – и тоа никако на празен стомак!
Иако звучи чудно, експертите советуваат кафето да биде жешко! Бидејќи, топлите напитоци и супите, дури и на најлошата топлина, всушност, ја поттикнуваат терморегулацијата и, по првиот шок, нѝ дава чувство дека сме се разладиле.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















