Научниците тврдат дека студиите со намерно заразени луѓе ќе помогнат во побрзо разбирање на болеста и развој на лекови.
Во обид да најдат клучни одговори за пандемијата SARS-CoV-2 што е можно поскоро, научниците понекогаш користат контроверзни методи, кои можат да го загрозат здравјето и животот на испитаниците. Во едно такво истражување, здрави и млади луѓе биле намерно изложени на новиот коронавирус. Истражувачите откриле дека 34 млади луѓе на возраст меѓу 18 и 30 години развиле благи симптоми, ако воопшто ги имале, пишува Nature.
Научниците велат дека речиси половина од испитаниците, кои примиле ниски нивоа на вирусот, не се заразиле. Од оние кои навистина се заразиле, некои немале никакви симптоми. Оние кои примиле симптоми на Ковид-19 пријавиле благи или умерени нарушувања како што се болки во грлото, течење на носот или губење на мирис и вкус.
Етички спорови
Иако студијата на британските научници не е ревидирана, нивните колеги се убедени дека таквото истражување може да се спроведе на безбеден начин и да ја постави основата за посложени истражувања за имунолошкиот одговор, вакцините или антивирусните лекови.
„Ова претставува потенцијално важен напредок во проценката на идната ефикасност на вакцините и лековите и отвора голем број важни можности за проучување на имунитетот во контролирана средина“, рече имунологот Miles Davenport од Универзитетот во New South Wales во Австралија.
Сепак, дел од научната заедница се сомнева дека резултатите од истражувањето се доволно важни за да се оправдаат ризиците на кои биле изложени учесниците.
„Сè уште не е сосема јасно дали овие студии се етички оправдани и чекам да видам што друго откриле“, вели Seema Shah, биоетичарка од Универзитетот Northwestern во Chicago.
Но, ваквите студии постојат со децении. Тие проучуваат голем број вирусни и заразни болести, како што се грип или маларија. Некои научници дури се залагаат за спроведување на такви испитувања во првите месеци од пандемијата на коронавирусот, за да се забрза развојот на вакцините. Но, повеќето сметаат дека таквото истражување на луѓето е премногу опасно, со оглед на тоа што малку се знаело за коронавирусот во тоа време и не постоело ефикасна терапија.
Продолжено губење на чувство
Во оваа студија, предводена од експерти од Imperial Collegea во London и организацијата за клиничко истражување Open Orphan од Dublin, волонтерите добиле 4.565 фунти за нивното учество, или најмалку две недели карантин во лондонската Royal Free болница.
Првите учесници примиле многу мала доза на вирусот SARS-CoV-2, што одговара на количината на инфекција во една капка назална течност. Станува збор за сој кој го опустоши Обединетото Кралство на почетокот на 2020 година. Иако се претпоставувало дека за инфекцијата ќе биде потребна поголема количина на вируси, тоа било доволно и за повеќе од половина од учесниците да се заразат.
Се покажало дека вирусот брзо се ширел. Субјектите ги почувствувале првите симптоми по помалку од два дена, а PCR тестовите ја потврдиле инфекцијата во тој период, за разлика од бројните епидемиолошки студии кои тогаш сугерирале дека „периодот на инкубација“ на вирусот е приближно пет дена, а времетраењето на инфекцијата од 9 до 12 дена.
Најчестите симптоми биле благи, треската ретка и никој не развил силна кашлица, што е заштитен знак на инфекција со коронавирусот. Околу 70 отсто од испитаниците го изгубиле чувството за вкус или мирис. Кај пет учесници во студијата овој симптом траел повеќе од половина година, а кај еден над девет месеци. Некои луѓе, пак, не развиле никакви симптоми, иако имале иста количина на вирус во горниот респираторен тракт.
„Истражувачите вклучени во студијата сакаат да разберат зошто толку многу луѓе не се заразиле, и покрај тоа што биле изложени на SARS-CoV-2. Некои неинфицирани учесници имале многу ниски нивоа на вирусот за краток временски период, што укажува дека нивниот имунолошки систем активно се борел против вирусот“, изјави водачот на студијата Christopher Chiu од Imperial Collegea во London.
Неодговорени прашања
Само идните студии ќе одговорат на тоа прашање. Сепак, претходните истражувања покажале дека коронавирусот што предизвикува настинка може да обезбеди имунолошка заштита од ковид-19 кај некои луѓе. Исто така, постои можност некои луѓе да имаат вродени силни имунолошки реакции, кои не треба да се сретнат со одреден патоген за да се активираат. Затоа, тимот на Chiu планира да започне уште една слична студија во која субјектите намерно би биле заразени со делта сој на коронавирусот.
Засега во истражувањето ќе бидат опфатени само луѓе кои имаат мали шанси да развијат потешки форми на болеста, но Chiu не исклучува дека со текот на времето во нив ќе бидат вклучени и ризичните групи.
„Студијата изгледала безбедно и добро спроведена. На некои луѓе би требало да им биде поудобно да прават повеќе тестови за SARS-CoV-2 на себе. Таквите тестови може да се покажат корисни во развојот на вакцини кои штитат од широк опсег на коронавирусот, не само од SARS-CoV-2″, изјави Matthew Memoli, инфектолог и виролог од Националниот институт за алергија и заразни болести на САД.
Како и да заврши ова или идно истражување, некои експерти гласно се против намерно инфицирање на луѓето за научни цели. За нив сè уште нема значајни професионални и социјални придобивки, а особено ги загрижува фактот што некои испитаници останале без чувство за вкус и мирис долго по спроведувањето на студијата.



















