За ослободување од пролетниот замор и за чистење од токсини

230

Со доаѓањето на пролетта традиционално чистиме сè, од гардероба до домот, но честопати забораваме на најважната детоксикација на телото.

Направете кратка детоксикација и враќање на енергијата со еден сок од 9 состојки.

Потребно

  • 1 шолја оладен зелен чај
  • 1 лажица коријандер
  • 1 шолја исечкано зелен лиснат зеленчук по желба
  • 1 шолја исечкана краставица
  • 1 шолја исечкан ананас
  • Свежо исцеден сок од 1 лимон
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • ½ авокадо
  • Мед по желба

Подготовка

  • Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
  • Пијте го овој шејк во кое време и да посакате, но важно е и да пазите на исхраната. Во комбинација со брза, пржена и нездрава храна, сосема очекувано е дека нема да има никаков ефект.
  • Коријандерот е моќен диуретик, исто како и лимонот кој одлично го поттикнува варењето, додека зелениот зеленчук содржи витамини А и Ц, како и минерали железо, магнезиум, калиум.
  • Авокадото изобилува со незаситени масти, витамин Б, Е и калиум. Ананасот е богат со витамините Б и Ц, како и минерали кои се клучни за енергијата на телото
  • Краставицата е богата со витамини А, Ц и К, ѓумбирот е богат со минерали како и витамин Ц, а зелениот чај е одличен антиоксиданс кој го спречува создавањето на канцерогени клетки.
  • Кога на сето ова ќе додадете малку мед, кој содржи повеќе од 300 хранливи вредности, не може а да не почувствувате енергија и свежина.

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!