Интересни факти за храната

145

Храната е дел од животот на секој човек и познато е дека со вистинскиот избор на здрава храна секоја личност може да го подобри своето здравје, расположение и својот физички изглед.

Исто така, познато е дека секојдневно е потребно да се консумираат намирници кои содржат голем број на витамини и минерали кои се потребни на човековиот организам. Но, покрај сите оние добро познати работи за храната, постојат и неколку интересни факти кои можеби досега не сте ги знаеле.

Прочитајте ги овие факти за храната, а некои од нив можеби и ќе ве изненадат!

  • Во итните случаи, кокосовата вода може да се употребува наместо крвна плазма.
  • Научниците можат да го претворат путерот од кикирики во дијаманти, поради тоа што тој содржи големо количество на јаглерод.
  • Кога јадете додека летате со авион, храната не е толку вкусна поради тоа што сетилата за мирис и вкус се намалуваат за 30% во кабина под притисок на голема височина.
  • Во светот постојат голем број на различни видови јаболка и доколку би сакале да ги пробате сите потребни ви се 20 години, ако јадете по едно јаболко на ден.
  • Секоја година околу 4% од целото сирење во светот мистериозно исчезнува.
  • За да се направи 100 гр чоколадо потребни се околу 1.700 литри вода.
  • Поради хемискиот состав, компирите можат собираат и рефлектираат вифи сигнали.
  • Во текот на една година се продаваат толку голем бројна тегли Нутела, што би можеле осум пати да го погриете Кинескиот ѕид.
  • Екстрактот од овошјето монк е 300 пати посладок од шеќерот.
  • Ескимите употребуваат фрижидери за да го спречат замрзнувањето на храната.
  • Секоја личност е генетски кодирана да има желба за шеќер.
  • Во 1800-тите кечапот се продавал во вид на пилули како лек за дијареа.
  • Доколку ставите лук на кожата и оставите да стои долго време, можете да се здобиете со изгореници од трет степен.
  • Ако сите луѓе на светот станат вегетаријанци, до 2050 ќе се спречат околу 7 милиони смртни случаи.
  • Кога јадете банани повеќе ги привлекувате комарците, поради зголеменото ниво на серотонин и норпинефрин во крвта.
  • Авокадото е отровно за птиците.
  • Не постојат два различни извори на вода кои се потполно исти.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.