Во топлите денови мака мачиме за да се ослободиме од комарците, купуваме разни скапи средства но сепак не успеваме во целост да се справиме со комерците.
Немате потреба од скапи и небезбедни средства за да се ослободите од комарците осите и пчелите кои неуморно ви летаат низ домот и градината.
Наместо нив, можете да го употребите, многу едноставно и лесно, кафето. Талогот од кафе е ефикасно природно средство кое со својот силен мирис успешно ги брка инсектите.
Како да го подготвите ова природно средство против комарци?
Соберете талог од неколку испиени кафиња и исушете го. Ставете го во обичен сад кој не го користите и запалете го со обично чкорче или запалка.
Горете се додека не почне да излегува чад од него. Токму овој чад ќе ги избрка комарците и другите инсекти.



















