Нередовен месечен циклус – Причини

560

На сите ни е познато дека менстраулниот циклус се случува на секои 21-35 дена и трае помалку од 8 дена. Но, што се случува кога вашиот менструален циклус е нередовен и што сè може да биде причина за тоа?

Стрес

Доколку се соочувате со стресни ситуации, како што се раскинување или развод, проблеми на работа, смртен случај и слично, тогаш може да имате проблеми со месечниот циклус. Стресот предизвикува голема психичка и физичка штета, па затоа може многу да влијае врз менструацијата. Стресот влијае на нивото на хормони во организмот, а големиот стрес предизвикува зголемување на кортизол, со што се спречува поризводство на хормоните естроген и прогестерон, и на тој начин се одложува менструацијата.

Промена на телесната тежина

Познато е дека строгите диети не се добри по здравјето, а покрај тоа негативно влијаат врз вашиот меструален циклус. Доколку за брзо време сте ја намалиле тежината или пак сте накачиле неколку килограми, голема е веројатноста дека ќе имате нередовна менструација. Овие брзи промени на телесната тежина често предизвикуваат хормонален дисбаланс и имаат големо влијание врз редовноста на вашиот циклус.

Прекумерна физичка активност

Иако вежбањето е најдобар пријател на вашето тело и вашето здравје, ако претерате можете да се соочите со некои проблеми. Еден од тие проблеми е нередовната менструација. Напорното и интензивно вежбање доведува до физички стрес, односно се нарушува балансот на хормоните во организмот и со тоа се нарушува редовноста на циклусот. Кај спортистките нередовната менструација е честа појава.

Нарушувања во исхраната

Состојбите предизвикани од нарушувањата во исхраната, како што се анорексија или булимија, предизвикуваат нередове менструален циклус.

Синдром на полицистични јајници

Овој синдром е предизвикан од цистите на јајниците и влијае на 5 до 10% од жените. Се појавува хормонална нерамнотежа во телото и поради тоа менструацијата може да се јавува на секои две недели, на секои три до шест месеци или пак само еднаш во годината. Синдромот на полицистични јајници е всушност недостаток на овулација и затоа се менува нивото на естроген, прогестерон и тестостерон.

Примање на лекови или контацептивни таблети

Во голем дел од случаите, како причина за нередовен циклус е примањето на лекови, како што се апчињата за контрацепција, ибупрофен или аспирин. Овие апчиња можат да ги променат хормоните во телото кои се задолжени за менструалниот циклус.

Тироидна жлезда

Неправилното функционирање на тироидната жлезда е уште една причина за нередовност и нерегуларност на менструацијата.

Масти во телото

Мастите имаат важна улога во регулацијата на месечниот циклус. Премалото количество на масти може да доведе до престанување на менструацијата. Преголемото вежбање и нарушувањата во исхраната го намалуваат производството на хормонот лептин, кој го регулира складирањето на мастите.

Доколку имате нередовен менструален циклус, важно е редовно да одите на посета на гинеколог, да имате избалансирана исхрана и вежбање. Исто така, хормонските терапии можат да ви помогнат да го регулирате циклусот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.