Една од нерешените мистерии на НАСА е секако онаа од февруари 2010 година, кога, наводно, бил сменет системот за комуникација на сондата Војаџер 2.
Вселенската сонда „Војаџер 2“ лансирана е во 1977 година. Идентична е со сондата „Војаџер 1″, но и двете биле дел од програмата Војаџер. Разликата е во тоа што Војаџер имал различна траекторија за време на неговата средба со Сатурн, заобиколувајќи ја блиската средба со месечината Титан и кој ја искористил гравитацијата како „отскочна штица“ за да стигне до планетите Уран и Нептун.
Така стана прва сонда што ги посетила двете планети и прва сонда која направила „Голема обиколка“ на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Ова е можно само со реткото посложување на овие планети што се случува на секои 176 години. Војаџер 2 е со добри аргументи сонда што обезбедила најмногу информации, посетувајќи 4 планети и нивните месечини, со моќни камери и разни научни инструменти. Војаџер 2 е најдолго активна сонда со 42 години работење.
Во 2010 година, Војаџер започнал да испраќа податоци на неразбирлив јазик од работ на меѓуѕвездениот простор. На инженерите им биле потребни неколку недели да го поправат дефектот. Некои сметале дека вонземјаните наишле на Војаџер и го хакирале леталото.
„Некаде на околу 15 милијарди милји од Земјата, сондата ненадејно почна да испраќа информации на јазик што нашите експерти не можеа да го препознаат“, рече планетологот на НАСА, Kevin Baines.
“Нешто го сменил комуникацискиот систем на Војаџер 2. Го проверивме системот, но не откривме дефект. Подоцнежните анализи открија дека една цифра во бинарниот код на системот е сменета од 0 во 1. Ваквата на еден бит покажува дека некој непознат намерно го сменил кодот на централниот компјутер на Војаџер“.
Истражувачите на НАСА најпрво помислиле дека некој го хакирал Војаџер од Земјата, но поради долгата далечина, тоа е скоро невозможно. Причината за аномалијата никогаш не е откриена, но неофицијалните теории се шират дека виновници се – вонземјаните.