Никој не знае кој го емитува овој страшен радио сигнал веќе 45 години во беспаќето на Русија | Видео

867

Во беспаќето на руските мочуришта во близина на Санкт Петербург има необичен радио предавател. MDZhB, познат и како UZB-76, UVB-76, или едноставно „The Buzzer“ започна да емитува сигнали во раните 1970-ти, и никој не знае за што служи.

Секој може да го слушне. Доволно е да имате радио и свртете на фреквенција од 4625 kHz. Сепак, нема да бидете претерано воодушевени бидејќи истото зуење се повторува со исто темпо во текот на целиот ден.

Зуењето се слуша 25 пати во минута, а не е запрено откако е објавено постоењето на мистериозната станица. Еднаш или двапати неделно на каналот се уклучува некое лице, кое ќе прозбори два-три збора на руски, а потоа зуењето продолжува. Научниците сè уште немаат објаснување.

Тие прво помислиле дека станицата емитува известувања на руските шпиони низ целиот свет, особено по забележување на некои такви имиња. Меѓутоа, ако UZB-76 навистина се користи за комуникација со шпиони, никој не ја пробил енкрипцијата, но и да ја пробил, тоа сигурно нема да го направи јавно.

Друга интересна теорија е дека UZB-76 е стартер на рускиот нуклеарен арсенал. Теоријата наведува дека автоматизираните системи ја следат точно таа фреквенција, 4625 kHz, и дека можат да ги лансираат сите руски нуклеарни бомби на претходно дефинирани цели, без никаква човечка команда или одобрение.

Би-Би-Си забележува дека тоа е малку веројатно, бидејќи краткобрановите предаватели следат одредени специфичности на атмосферата на Земјата и мора да се прилагодат на истите. „The Buzzer“ постојано емитира идентичен сигнал, со идентична јачина.

Најубедливата теорија е дека UZB-76 е хибрид на се она горе наведено.