Морничави писма од обожаватели до убијци и садисти

416

Некои девојки сакаат лоши момчиња. За секој човек кој направил некакво злодело, има цела толпа луѓе кои полудуваат по него или го третираат како инспирација.

Многу често кога убијците завршуваат во затвор, таму ги чекаат многу љубовни писма. Во продолжение прочитајте за некои од најморничавите.

Жената која го следела Тед Банди

Тед Банди, серискиот убиец и силувач кој одзел најмалку 30 животи, добивал стотици писма од неговите женски фанови додека бил во затвор. Една жена по име Џенет била толку упорна што дури успеала и да го исплаши.

Тој одговорил само на едно нејзино писмо, а за Џенет тоа бил најважниот момент во нејзиниот живот. Таа му напишала:

„Го добив писмото што ми го прати и повторно го прочитав. Го бакнував и го држев до мене. Не ми пречи да ти кажам дека плачам. Само не знам како ќе издржам. Премногу те сакам, Тед.“

Кога почнала да се појавува на неговите судења, дури и Тед станал нервозен. Тој ја замолил неговата сопруга Керол да не ѝ дозволува на Џенет да седи до неа за да не мора да ја гледа.

Продолжува на страна 2