Луѓето не се идеални, но од време на време секој од нас, било маж или жена, прави грешки. Ова се однесува и до однесувањето за време на игрите во кревет.
А понекогаш една грешка може да стане причина за лош крај и на сексот, и на односите.
Руски психолози ги советуваат жените да ги избегнуваат главните грешки кои си ги дозволуваат за време на секс.
Прва – зборување во постелата. Сексот нема потреба од разговори, тој мора да ја исполнува околината не со зборување, туку со стенкање, гласно дишење и други слични звуци. А за љубовта и други работи може да се зборува и подоцна.
Втора грешка – “Ти си подобар од Иван, Петар и … земени заедно”. Нема сомневање дека во првата минута со оваа пофалба после секс ќе го поласкате секој маж, но не треба да го споредувате на глас со претходни партнери.
Трета грешка – пасивен секс. Принцезата легна и чека. Ова однесување од женска страна ги иритира сите мажи без исклучок. Лежечко “дрво” не возбудува многу луѓе, а после секс со таква жена, ти се чини дека ти само си излегол од спортската сала и си се уморил.
Четврта грешка – секс за време на фудбалски натпревар. Пристрасноста кон фудбалот не треба да биде искушувана со друго за време на важен натпревар. Ако учествува во оваа трка за машкото внимание, така најверојатно ќе ја изгубите средбата.
Петта грешка – “Претходно ти не си правел тоа!”, “Каде се научи на тоа?”. По такви зборови и можната сцена на љубомора возбудата исчезнува за долго време, а желбата за експерименти – можеби засекогаш.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.