Порното не е штетно за мажите

1176

Со години истражувачите тврдат дека порното пречи на сексуалниот живот на мажите, наметнувајќи им да се чувствуваат неспособни да ја задоволат партнерката. Но ново истражување го докажа спротивното.

Гледањето порно или филмови со сексуална содржина ги возбудува мажите и го зголемува апетитот за секс. Научниците од Велика Британија не утврдиле поврзаност помеѓу гледањето филмови за возрасни и еректилната дисфункција.

Во текот на студијата биле испитувани 280 волонтери од посилниот пол. Тие одговарале на прашања колку часа неделно гледаат порно, а одговорите се движеле помеѓу 0 и 25 часа. Потоа учесниците пополнувале прашалници со кои го мереле нивото на сексуалното желба.

Од 280 доброволци 127 имале постојани партнери. Мажите морале да гледаат порно дома и во лабораторија на научниците. Резултатите покажале дека тие чувствувале поголема сексуална желба, кога биле дома, отколку во лабораторијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.