Направете си домашен антибактериски спреј за чистење

948

Исчистете го домот и освежете го со еколошки антибактериски спреј направен од природни состојки кои дезинфицираат и убиваат бактерии.

Така, ќе добиете чист простор со убав мирис наместо оној хемискиот.

Потребнo

  • 3 чаши вода
  • ½ чаша бел оцет
  • Шише со пумпица
  • Инка (по потреба)
  • 15 капки масло од лаванда или чајно дрво

Pодготовка

1. Измешајте ја водата и оцетот во шишенцето. Оцетот е природен антибактериско и антифунгално средство кое на природен начин ќе го исчисти вашиот дом.

2. Додадете 15 капки масло од лаванда или чајно дрво – или комбинација од двете. Исто така може да користите масло од ружа, портокал, лимон или неколку капки од секое за навистина прекрасен мирис. Есенцијалните масла исто така се антибактеристи и антифугални средства кои ги уништуваат бактериите на кваките, комодите и сл.

3. Затворете го и протресете го шишето. Нема потреба да го бришете спрејот – доволно е да се исуши само од себе. Во овој рецепт имате околу 830ml антибактериски спреј.