Запознајте го африканскиот град, кој за само 40 години го поминал патот од наоѓалиштето на дијаманти до првата рендген станица на јужната хемисфера до трошен, напуштен град, населен со пустина.
Како настанал Колманскоп?
Во 1908 година, еден работник кој работел на железницата, Захарија Левал, пронашол дијаманти во близина на пругата на местото на денешен Колманскоп.
Своето откритие му го покажал на неговиот шеф, Август Штаух, кој го тестирал каменот и потврдил дека навистина станува збор за дијамант.
Веста брзо се проширил во регионот и за неколку недели стотици Германци заминале за Африка во потрага по богатство.
Колманскоп се проширил и наскоро почнал да изгледа како вистински германски град. Изградени се болници, сали за танцување, училишта, театар, спортски сали, централи, куглани и фабрика за мраз.
Еден турист изјавил: “Можеби изолацијата и околината опкружена со пустина влијаеле Колманскоп да стане мал рај на германската култура, кој нуди забава и рекреација што одговара на барањата на богатите колонисти”, пренесува Дејли Меил.
Угледот на овој град дополнително се зајакнал со фактот дека Колманскоп станал првата рентгенска станица на јужната хемисфера, како и место во Африка каде поминал првиот трамвај.
Сепак, цената на дијамантите почнала да паѓа по Првата светска војна, а ситуацијата се влошила откако биле пронајдени подобри дијаманти во јужните делови на Африка, што општо влијаело градот да биде целосно напуштен до 1954 година.
Како изгледа денес?
Денес, Колманскоп претставува трошен град на духови, во кој ветерот постојано открива и покрива делови од градот, носејќи огромни количини на песок во и надвор од зградите. Децении пустински ветрови оставиле свој белег во германската архитектура, што можеби најдобро се гледа на некогашните шарени sидови на зградите и куќите, кои пропаднале поради силниот ветер и пустинскиот песок.
Песочните дини го заробиле градот на духови и ја исполниле внатрешноста на поранешните домови.
Рударската компанија “De beers” отворила музеј 1980 година за да ја зачува историјата на овој град.
Уникатниот изглед на градот привлече многу туристи и стана совршена локација за снимање на многу филмови (вклучувајќи го и филмот “Кралот е жив” од 2000 година), како и јужноафрикански телевизиски серии.
Bonus Video