Јаболковиот оцет, поради својот состав, има повеќе благотворни дејства на организмот…
Јаболковиот оцет има малку необичен вкус на кој треба да се навикнете, но во комбинација со другите состојќи, вкусот се губи.
Неговото позитивно дејство на организмот одамна е познато – го ублажува артритисот, остеопорозата, киселините, придонесува за подобро варење на мастите и белковините, а е корисен и во диетите, го намалува нивото на холестерол во крвта, штити од срцеви болести, ја ублажува и болката во грлото бидејќи делува антисептички…
Ви претставуваме еден исклучително вкусен и здрав напиток кој можете да го подготвите сами дома.
Потребно
- 1- 2 лажици органски јаболков оцет¼ шоља сок од јаболки
- мало парче свеж ѓумбир (колку 1 мала лажица)
- 1/8 лажица цимет
- 1 лажица мед
- 240 мл вода
Направете најдобар свежо цеден сок од јаболки така што во соковник ќе ставите една јаболка и парче ѓумбир.
Во исцедениот сок додадете го јаболковиот оцет, циметот, медот и водата и се добро измешајте за состојките да се соединат.
Пробајте и доколку е потребно, додадете уште малку мед.