Само што поминавме пет климатски пресвртни точки, Земјата е на работ на повеќекратни истовремени катастрофи

495

„Има причини за тага, но има и причини за надеж“, велат научниците.

Климатската криза го доведе светот на работ на неколку катастрофи, тврди новата студија. Таа покажа дека можеби веќе сме ги преминале преломните точки на петте кризи и тоа се должи на глобалното затоплување од 1,1°C.

Петте катастрофи се колапсот на ледената капа на Гренланд, што ќе доведе до масовно зголемување на нивото на морето, колапс на клучната струја во северниот дел на Атлантикот, што ќе ги наруши дождовните циклуси за милијарди луѓе и брзото топење на пермафростот кој е богат јаглерод.

Ако планетата се загрее за 1,5°C, што е минимумот што моментално се очекува, четири од пет споменати катастрофи преминуваат од можни во веројатни, тврди студијата. Исто така, во таа ситуација стануваат можни дополнителни пет катастрофи. Меѓу нив се промените во северните шуми и исчезнувањето на речиси сите планински глечери.

16 катастрофи предизвикани од климатските промени

Вкупно, студијата забележала докази за 16 катастрофи, од кои последните шест се активираат доколку планетата се загрее за 2°C. Кога ќе се достигне критичната точка, самата катастрофа може да потрае од неколку години до неколку векови, пренесува Guardian.

„Земјата можеби излезе од безбедна климатска состојба над глобалното затоплување од 1°C“, заклучија научниците.

Професорот Јохан Рокстром, директор на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам беше вклучен во оваа студија и рече дека светот се движи кон глобално затоплување од 2 до 3°C.

„Ова ја става Земјата на пат кон повеќе критични точки кои ќе бидат катастрофални за луѓето ширум светот. За да ги одржиме условите прифатливи за живот на Земјата и да одржуваме стабилни општества, мора да сториме се за да го избегнеме ова“, предупреди тој.

„Има причини за тага, но има и причини за надеж“

Дејвид Армстронг Мекеј од Универзитетот во Ексетер, кој е водечки автор на оваа студија, рече дека резултатите се навистина загрижувачки. „Има причини за тага, но има и причини за надеж. Студијата нагласува зошто е толку важна целта на Парискиот договор од 1,5°C за глобално затоплување и зошто за него треба да се бориме“, рече тој.

Тој исто така нагласи дека не значи дека сè е изгубено ако дојдеме до критичен настан и предизвикаме катастрофа. Важно е да продолжиме да се бориме за да не се зголеми дополнително температурата и да се избегнат други критични настани.